Вести Македонија

Расте бројот на деца со прекумерна тежина

Расте бројот на деца со прекумерна тежина во земјава, а поголем пораст е забележан кај девојчињата. Анализите на Центрите за јавно здравје, кои вршат континуирано следење на нутритивниот статус кај предучилишни и училишни деца, покажуваат дека секое трето е дебело.

Доктор Ратко Давидовски вели дека ако во раните 70-ти години околу 15 до 20 проценти имало дебелина кај децата, сега тој процент е удвоен.

Доктор Давидовски вели дека освен нарушената рамнотежа на умерена исхрана и физичка активност, за појава на дебелина влијае и генетиката и стилот на живот.

Во градинките, пак, внимаваат на оброците на децата токму поради важноста на здравата исхрана.

Дебелината е болест и ризик за појава на други заболувања.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел соопшти дека убил над 20 ирански команданти

Дејан Дејан

Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина

Дејан Дејан

Нов бран израелски напади врз Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе