Пред европратениците е подготвен извештај од Комитетот на ЕП за странско делување на демократските процеси во ЕУ, вклучувајќи и дезинформации Во извештајот се забележува дека Русија своето влијание го ширела преку православната црква во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина (посебно ентитетот Република Српска), Грузија и во одредена мерка и Украина. Се наведува дека ова влијание е користено за ширење на антиевропси чувства, поттикнување на судири меѓу локалното население и пристрасно претставување на историјата.
ЕП ги осудува напорите на Русија да ги користи етничките тензии на Западен Балкан со цел да ги распламнува судирите меѓу заедниците, што би довело до дестабилизација на регионот. Преку православната црква Русија на Западен Балкан сакала да се претстави како заштитник на семејсните вредности и да ја зајакне врската меѓу црквата и државата.
Како загрижувачка е означена помошта која Унгарија и Србија и ја дале на Кина и Русија во ширењето на нивното геополитичко влијание.