Викендов без промени. И утре ќе се задржи променливо облачно, студено со умерен, а вдолж Поварадрието краткотрајно засилен ветер од северен правец. Понекаде во планинските региони на истокот ќе има услови за краткотрајно провејување на слаб снег.
Минималната температура на повеќе места ќе се спушти околу -10°C, а дневната од -2 до 6°C.
Агропрогноза:
Разладувањето на атмосферата, со врнежи од дожд и снег, со пониски дневни температури, во изминатата седмица, го успорија или го одржуваа на исто ниво пролетното будење на овошките, што е добро во овој период од годината, без разлика што ваквите температури беа подпросечни, бидејќи време за негативни температури сѐ уште има, зимата сѐ уште трае.
Ниските минимални утрински температури кои се очекуваат во текот на викендот и наредната седмица, особено во првите неколку дена, од агрометеоролошки аспект можат да причинат штети доколку во регионите каде е веќе расветан бадемот, сливата и раните сорти кајсии истите да паднат под -5°C, температура која е пониска од издржливоста на овошките во оваа фаза.
Во повисоките региони каде не е отпочната вегетацијата добро е што ќе ги одржи подолго време во мирување овошките и виновата лоза, фаза која колку подолго се одржува, толку се поголеми шансите да имаме поуспешна реколта.
Информација од утрово:
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
65 Крушево, 64 Попова Шапка, 53 Маврови Анови, 32 Ѓуриште, 23 Пожаране.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м²)
3 Крушево, 1 Тетово, Маврово, Скопје За. Рид.
Минимална температура (во °C)
-15 Попова Шапка, Маврово, -13 Берово, -11 Крушево, -9 Претор, Kрива Паланка, -8 Охрид, -7 Битола, Прилеп, Струмица, -6 Виница, Штип, -5 Тетово, Гевгелија, Дојран, Демир Капија, -3 Скопје-Петровец, -2 Скопје-Зајчев Рид.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/