Граѓанските организации очекуваат Вишиот управен суд да ја потврди одлуката на управниот суд за одземањето на концесијата на Еуромакс Рисорсис за рудникот кај Иловица и Штука.
Ваков е апелот на Здрава котлина откако деновиве беше објавена октомвриската пресуда на Управниот суд на нивниот сајт. Активистите сметаат дека е крајно време да се затвори приказната со отворање на рудник во непосредна близина на плодната струмичка котлина каде се прозиведува најголемиот дел од свежата храна во државата.
Управниот суд во октомври ја одби како неоснована жалбата на Еуромакс со која реагира на одземањето на концесијата од Владата.
