Вести Македонија Топ вести

Образовните институции ги погоди енергетската криза

Енергетската криза ги погоди и образовните институции во Тетово. Училиштата мора домаќински да менаџираат со нафтата, за објектите да бидат затоплени, особено овие денови кога темпертурите на воздухот се ниски, а поради ковид протоколите мора и да се проветрува на секои два часа.

Од Управата на Медицинското училиште, по реакции на дел од родителите дека училниците каде што учат нивните деца не се доволно топли, велат дека за сега состојбата е под контрола.

Од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово потенцираат дека тоа е глобален проблем, бидејќи поради покачувањето на цената на енергенсите, средствата на блок дотациите кои ги имаат училиштата не стигнуваат. Велат дека  мора да прават рестрикции во греењето, затоа што и снабдувачите не можат да обезбедат нафта.

Од Секторот велат дека управите на училиштата си помагаат меѓу себе, тие кои имаат, им позајмуваат нафта на оние кои немаат.

Данијела Билбилоска 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе