Ракомет Спорт

Е. Пелистер го договори третото засилување за следната сезона

Францускиот ракометар Руди Сери од следната сезона ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер.

Се работи за 27-годишен лев бек, кој на битолчани им се приклучува од таборот на Сесон Рен. Претходно настапувал за Селештат Алкасе и Бидасоа. Сери ќе биде промовиран во македонскиот тим ова лето пред стартот на новата сезона.

Французинот е вкупно третото засилување за „пелистерци“, бидејќи клубот претходно ги договори и голманот Урбан Лесјак од Словенија и Тунижанецот Усама Хосни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе