Вести Македонија

Доктор од Валандово доброволно замина за да им помага на бегалците од Украина

Докторот Даниел Кировски од Валандово замина на граничниот премин меѓу Бугарија и Романија за да им пружа медицинска помош на бегалците од војната во Украина, каде ситуацијата ескалира и принудува се поголем број луѓе да ги напуштаат своите домови.

Националната асоцијација на доброволците собрала над 70 лекари, меѓу нив и валандовчанецот, д-р Кировски, кои доброволно и бесплатно ги прегледуваат и им пружаат медицинска помош на бегалците од кризните региони во Украина кои пристигнуваат во прифатните центри на границата меѓу Бугарија и Романија.

– Од долгото и мачно патување бегалците најчесто имаат проблеми со алергии, респираторни болести и дијареа, но голем број од нив имаат и онколошки како и ревматични болести. Се надеваме дека оваа војна што побрзо ќе заврши, а со неа и бегалските маки, рече д-р Кировски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Пожари беснеат во Франција и Шпанија, пожарникарите немоќни – бројот на евакуирани надмина 220.000

Дејан Дејан

Регионот Атика е погоден од најлошата епидемија на Западнонилска треска досега

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе