Вести Македонија Топ вести

Жените побараа поголемо учество во власта, но пред сè здравствена заштита и да не бидат малтретирани

Итно усвојување на неколку нови закони, меѓу кои и за работни односи и мобинг, како и рамноправно учество на жените во носењето на политички важните одлуки. Ова го побараа невладините, симболично, на Осми март.

Протестираа за сите жртви на семејно насилство, за текстилни работнички кои останаа без работа во Ковид-кризата, за угнетените жени од руралните средини кои немаат ниту јавен транспорт.

Додека здравствените власти осмомартовски се пофалија дека започнува организиран скрининг за рана детекција на рак на грло на матката, невладините го кренаа гласот и за оние коишто немаат ниту гинеколог во своето населено место или пак имаат ограничен пристап до здравствена нега.

„Денес го креваме гласот за сите жени коишто ја вршат неплатената домашна работа, за економски зависните и загрозени жени кои не можат да си обезбедат прехранбени продукти, за жените кои немаат ништо на свое име, за жените кои еднакво учествуваат во плаќање на даноци, но не можат да си дозволат основни средства за одржување на менструална хигиена. Бараме итно усвојување на Стратегијата за родова еднаквост и донесување на Законот за родова еднаквост“ изјави Бојана Јовановска од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Според невладините – само во Собранието се запазува жените да бидат доволно застапени, но изминатите локалните избори, пак, ги оценија како пораз во однос на застапеноста.

Бараат сите закони и правила во пракса да значат 40% учество на жените во секое ниво на власт. Протестот иако непартиски, имаше поддржувачи и од дел од пратениците. Поддршка стигнува и од дипломатскиот кор.

Кога жените напредуваат и државите напредуваат. Чекорите коишто ги правиме кон родова еднаквост ги прават подобри и пофер нашите општества и ги подготвуваат за следните предизвици. Едноставно, потребни нѝ се талентот, искуството и лидерството на жените.“, изјави Кејт Мери – Брнс – Амбасадорка на САД

Тоа што е актуелно периодов, работните групи и комисиите кои носат одлуки за Ковид-кризата, но и економската, немале доволно женски претставници, па активистките побараа освежување на составот на членовите.

 Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе