Култура

Дина Дума наградена за најдобра режија за филмот „ Сестри“ на Фест

Режисерката Дина Дума освои награда за најдобра режија за дебитантскиот филм „Сестри”,  на вчера вечер завршениот 50 филмски фестивал „Фест“, во Белград.

  • Дума вешто ги води младите актери во филмот кој успеа да прераскаже приказна за многу важна тема од нашето време и да отвори дијалог”, соопштија од меѓународнотo жири, во состав: Милош Биковиќ, Тамара Драгичевиќ, Ѓерѓи Радули, Аргирис Пападимитрополус и Тони Гојановиќ.

Филмот „Сестри” ја имаше својата светска премиера во август минатата година, на филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде ја освои специјалната награда на жирито, во програмата „Источно од западот“. А, македонската премиера на филмот беше на фестивалот „Браќа Манаки“. Филмот досега е прикажан на повеќе од 30 фестивали. А, беше награден и на фестивалите во Висбаден и во Атина.

Главните улоги во фимот ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Продуцентка е Марија Димитрова, а сценариото го потпишуваат Дина Дума и Мартин Иванов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе