Култура

Премиера на „ Грета“ на малата сцена на МНТ

Премиера на претставата „Грета“, по текстови на Хибнер и Гете, а во режија на Тамара Стојаноска, ќе се одржи вечева во 20 часот на малата сцена на Македонскиот народен театар.

  • „Грета“ е претстава за театарот, актерите, режисерите, колегите, публиката… и за убавото и за лошото во сите театарски процеси, се вели во најавата за вечерашната премиера.

Претставата е во продукција на независниот театар „ Златен елец“. Се работи за дуо драма во која улогите ги толкуваат Ане Блажовски и Димитрина Мицкоска.

Музиката е на Лука Тошeв, вокалот е на Дина Јашари, дизајнот е на Бојана Цилевска, а продуцент е Бобан Алексоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе