Вести Македонија Топ вести

Нон Пејпр од МНР со земјите членки на ОБСЕ и на ЕУ

Македонското министерство за надворешни работи, како дел од претседавачката тројка на ОБСЕ испратило нон-пејпр до земјите членки на ЕУ и на ОБСЕ, со која се иницира заедничка сеопфатна стратегија како да се надмине комуникацискиот јаз меѓу западните земји и руското општество, во услови на зајакнати западни санкции кон Русија и силна анти- западна пропаганда на Кремљ.

 „Најголемата цена на војната паѓа на плеќите на обичниот народ. На крајот лидерите можеби и ќе си податат рака, но цената ќе ја платат граѓаните. Затоа треба да се најде начин да се уверат граѓаните на Русија дека остатокот од Европа и другите не се нивни непријатели. И да се увери рускиот народ дека целта е да се врати мирот и да продолжи взаемната соработка заснована на еднаквост, слобода, правда, почитување на човековите права и пријателски односи меѓу државите“ – пишува во нонпејпрот.

Иницијативата, како  што се дознава,  шефот на македонската дипломатија Бујар Османи ја презентирал и на последниот последниот вонреден министерски состанок на НАТО и наишла на позитивни оцени. Но засега останува нејасно како сето тоа би се реализирало, во услови и на се позаострена информативна војна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе