Вести Македонија Топ вести

На волонтерите пожарникари од Кочани им недостасува опрема

Пожарот лани на Илинден во Кочани, во кој беа зафатени и неколку куќи, а огнените јазици брзо влегуваа во дворовите на многу семејства натера 50 тина граѓани да го формираат доброволното противпожарно друштво. Претседателот Златко Илиев вели дека отогаш заедно со професионалните пожарникари се на терен. Но,за  да функционираат и во вистинска смисла да им се од помош на пожарникарите и на општината им недостасува опрема и возило, бараат донатори или да се направи акција за собирање на средства за возило.

Најмладото доброволно противпожарно друштво во земјава во моментов чека донација во опрема, има единица за брзи интервенции, а пополека го опремува и објектот. Овие доброволци го надополнуваат недостатокот од професионални пожарникари.

Триесетина дена заедно со професионалните пожарникари се на терен во кочанско поле. Запалените стрништа во опасност ги доведуваат селата, но и пречистителната станица за отпадни води. Само во февруари имале дваесеттина заеднички интервенции.

Од колкаво значење се волонтерите пожарникари ни покажаа Австрија и Словенија, кои на големите шумски пожари со најмодерна опрема и возила на помош ни ги испрати нивните доброволци.

Во моментов во Македонија има 12 тина доброволни противпожарни друштва, најстарото е во Свети Николе формирано 1935 година, кое освен помага на професионалците, на речиси сите Противпожарни друштва преку нивните колеги од Велика Британија имаат обезбедено и возила и опрема.

Викторија Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Пожари беснеат во Франција и Шпанија, пожарникарите немоќни – бројот на евакуирани надмина 220.000

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе