Вести Македонија

Тридневни карневалски славења во Струмица

Маски, шаренила, забава под друго лице. Вака е деновиве во Струмица, кога градот го живее карневалското расположение по две години пауза. Настаните траат веќе три дена, со предавањето на клучот на градот на карневалџиите.

Синоќа се одржа големиот маскенбал каде се избраа и принцот и принцезата  кои вечерва ќе го отворат главното дефиле.

За општината и организациониот одбор, маскенбалот е еден од најсилните симболи на карневалот и добро е што традицијата продолжува иако во специфични услови.

Вечерва е главното карневалско дефиле, каде ќе се види сета креативност и раскош на маските на струмичките карневалски групи, кои со години се едни од најатрактивните но и најинвентивните.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јошески: АХВ сеуште не е известена од Центарот за јавно здравје Тетово за водата во Лешок

Дејан Дејан

Се врши проценка на штетите по силниот ветар во Штип – пациентите од Ортопадија се уште се на другите одделенија

Дејан Дејан

Полемиката меѓу Муцунски и Османи околу преговарачката рамка не запира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе