Фудбалската федерација на Украина побара од ФИФА и УЕФА да се одложи дуелот од баражот за Светското првенство со Шкотска што треба да се одигра на 24 март го Глазгов.
Првиот човек на асоцијацијата Александар Петраков изјави дека во моментов е во преговори со украинските репрезентативци околу организирањето на патувањето во Глазгов, но се чини дека тоа ќе биде исклучително тешко.
Победникот од овој дуел во финалето треба да се сретне со поуспешниот од мечот меѓу Велс и Австрија. Од ФИФА се уште нема реакција на ова барање, но повеќе од јасно е дека тоа ќе биде прифатено.
