Британскиот милијардер, Џим Ретклиф ги демантираше написисте во медиумите дека е подготвен да почне преговори за откупување на Челзи.
Шеесет и девет годишниот сопственик на компамијата Инеос, Џим Ретклиф изјави дека не е заинтересиран за купување на клубот од Стемфорд Бриџ и дека тој е фокусиран на финансирање на францускиот прволигаш Ница кој обезбеди пласман во финалето на Купот и ќе се обиде да стигне до трофејот во ова натпреваување.
По оваа изјава на Ретклиф во конкуренција останува само Швајцарецот, Хансјорг Вајс кој според вчерашните информации е подготвен да го откупи Челзи за сума од 4,3 милијарди фунти.
