Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мнозинска поддршка за декларацијата за Украина

/

Македонија

Сподели преку :

Мнозинството пратеници ја поддржуваат декларацијата за Украина, предложена од пратениците од ЛДП. Само тројца се против, двајцата пратеници од Левица и пратеникот од Демократска партија на Србите.

Пратеничката Сиљановска од ВМРО ДПМНЕ, која зборуваше од лично име, даде поддршка, но имаше и забелешки за текстот.

Пратениците од мнозинството се задоволни од постигнатата согласност со ВМРО ДПМНЕ за декларацијата .

Пратеникот Иван Стоиљковиќ е против декларацијата. Ја нарече лицемерие на политичарите, со навивачки аргументи. Смета дека во ситуацијава треба да се биде смирен, воздржан и внимателен, затоа што, како што рече,  некои работи никогаш не се забораваат.

Декларацијата е предлог на ЛДП, а претрпе мали измени од првичната верзија. Наместо „Декларација на Собранието за осуда на политиките што го доведуваат во прашање постоењето на европските држави и поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“ сега е преименувана во „Декларација за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“.

Далиборка Демјанска Цветановска

Jumbo 2