Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Амбасадорот во Украина Ефремов дел од екипата која ќе помага на терен да се евакуиараат нашите граѓани

/

Македонија

Сподели преку :

Соодветно на состојбите на терен, Министерството за надворешни работи испраќа дипломатска екипа во Украина, во чии состав ќе бидат актуелниот амбасадор во земјата Крум Ефремов и уште еден искусен конзуларен работник, кои ќе ги водат процесите на терен при асистирањето во евакуацијата на нашите државјани и со нив поврзаните украински граѓани, информира МНР.

– Воедно информираме дека досега околу 50 наши државјани ја имаат напуштено Украина, додека 50 се уште се на украинска територија, како и членови на нивните семејства, украински државјани. Од нив, 25 ги имаат напуштено резидентните места и во моментов се упатени низ утврдени безбедносни коридори. Нивното движење постојано го следиме сѐ до напуштањето на земјата, а потoа, нашите амбасади и конзулати од соседните земји ги преземаат сите активности за нивен безбеден трансфер назад кон земјава, велат од МНР и додаваат дека секое движење низ Украина е сериозно отежнато и се одвива по споредни рути кои се преполни, па оттука движењето е бавно.

Воедно, од МНР посочуваат дека тие продолжуваат одблиску да ја следат состојбата и за секоја нова промена соодветно јавноста ќе биде информирана

Jumbo 2