Вести Македонија Топ вести

Матичните лекари утре повторно нема да издаваат рецепти, ќе примаат само итни случаи

Приватните матичните лекари повторно на протест – утре нема да издаваат рецепти, ниту ќе го користат системот Мој Термин, соопштија од Здржението на приватни матични лекари. Во преговорите со Министерството за здравство ниту едно барање на лекарите, специјалистите, лаборантите не било прифатено, а ниту од ФЗОМ, се вели во нивното соопштение. Затоа, утре ќе примаат само итни случаи.

Претходниот протест траеше само неколку часа, откако лекарите добија ветувања дека во наредните недели ќе се дојде до договор.  Имено, требаше да се формираат работни групи најдоцна за две недели и проблемите на матичните лекари еден по еден да се најдат на маса во потрага по решение.

Од Министерството за здравство ветија дека ќе помогнат за минимална плата на вработените во ординациите, а административните грешки на ПЗУ-ата нема да поминат со парична казна туку со опомена.

Матичните бараат измени во Законот за здравствена заштита, за пациентите да припаѓаат на матичната ординација, а не да бидат „врзани“ за факсимилот на лекарот. Едно од главните барања е и зголемена капитација. Претходно на матичните лекари им беше ветено, но не и остварено дека капитацијата ќе чини 95 денари по пациент.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе