Вести Македонија Топ тема

Жестока дебата за Топ Тема за тоа кој ја кочи работата на Собранието и собраниските комисии

Кој и зошто ја блокира работата на Собранието и собраниските комисии? Ова прашање вечерва е во фокусот на Топ Тема со Боби Христов. За тоа дали ќе има ли конечно деблокада на работата на законодавниот дом, дебатираат пратеничките Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ и Снежана Калеска – Ванчева од СДСМ.

Според Стојановска, во поглед на собраниската работа, по локалните избори, таа не е блокирана, туку неговата работа е нефункционална. Таа оцени дека тоа најмногу произлегува затоа што еден добар дел пратеници сега веќе не се членови на Собранието и затоа треба да се свика комисијата за избори и именувањата , за да се пополнат испразнетите места, но таа нема претседател.

Проблемот е еден член на таа комисија , Фадиљ Зендели кој од 13-ти декември е пратеник на опозицијата, од Беса и собраниската пракса била оваа комисија да има мнозинство од власта. Според Стојановска, очигледно е намерата на власта за партизација на оваа институција и затоа Зендели и пречи на СДСМ.

Пратеничката Снежана Калеска-Ванчева порача дека и според пишаните и непишаните правила тоа место е на СДСМ.

Но, тоа не е единствен проблем кој постои во Собранието, кој опозицијата  го наметна за нефункционирање на Собранието. Не е ниту деловникот, туку фактот дека опозиција го злоупотребува деловникот за да прикаже дека власта е неспособна.

Одеднаш, опозицијата е наводно загрижена за нефунционалноста на Собранието, а 10-тици клучни закони стојат на мртва точка, затоа што опозиција ги кочи со безброј амандмани, изјава Калеска –Ванчева.

На крајот одговорноста е најголема кај парламентарното мнозинство, но зарем опозицијата нема одговорност, праша пратеничката од СДСМ, наведувајќи ги како пример законот за клинички центар, законот за наставници, за академија за судии и јавни обвинители.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе