Вести Македонија

Пендаровски го потпиша указот за назначување на Фрчкоски за амбасадор во ОН

Шефот на државата Стево Пендаровски со указ го назначи професорот, Љубомир Фрчкоски, за амбасадор на Македонија во Ораганизацијата на обединетите нации во Њујорк.

На неговотo именување се противеше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, блокирајќи ја работата на собраниската комисија за надворешни работи, каде Фрчковски требаше да ги презентира своите тези за оваа позиција.

Во образложението од Кабинетот на Пендаровски пишува дека указот е потпишан бидејќи сите законски услови биле исполнети.

Индикативно е велат, што изминатите 10 месеци на 8 кандидати за амбасадори им било овозможено да ги презентираат своите тези пред комисијата, а за Фрчковски таква седница воопшто не била закажана.

Со остра реакција се јави опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Фрчкоски е човек со сомнително минато, кој ќе остане запаметен по скандали и криминали,  обвинија од партијата по а одлуката на престедателот Пендаросвки да го именува професорот за амбасадор на Македонија во Ораганизацијата на обединетите нации во Њујорк. Соединетите американски држави не го прифатија Фрчкоски за амбасадор во Вашингтон, а сега Пендаровски го праќа на нивна територија во Њујорк, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во која се потенцира дека со ваквиот потег Пендаровски ги потценува САД и го нарушува угледот на Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе