Доцна синоќа почна, денеска продолжи, а не се знае кога ќе заврши собраниската расправа по предлогот за разрешување на Фадиљ Зендели од член на Комисијата за избори и именувања. Откако вчера не успеа да ја исфрли оваа точка од дневниот ред, ВМРО ДПМНЕ поднесе 400-тини амандмани, а БЕСА десетина, додека спикерот Талат Џафери уверува дека на ваков вид одлуки не се дозволени амандмани.
Токму тој и група пратеници од СДСМ се потпишаа како предлагачи, по што владеачките партии треба повторно да имаат мнозинство во комисијата, како што е предвидено со Деловникот.
Комисијата не заседавала од летоска, а од неа се чека предлогот за четворица нови уставни судии и други кадровски решенија.
