Вести Македонија

Панов: Историјата стана алатка на геополитиката

Историјата се користи како алатка на големите сили и за остварување на геополитичките цели и амбиции. Последното позиционирање на големите сили беше по Јалта во 1945 и од 1991 година веќе не важи.

Ова е ново геополитичко позиционирање на големите сили, вели историчарот д-р Тодор Чепреганов.

За професорот и член на Комисијата, Петар Тодоров, вокабуларот на рускиот претседател Владимир Путин во поглед на Украина, тврдењата дека е вештачка нација е загрижувачки.

Тешко е да се остане рамнодушен и да не се осуди агресијата. Гинат недолжни луѓе, цивили. Се што се случува во Украина е релевантно за нас и треба да се дискутира во нашето општество. Овде гледаме симпатии кон Русија, не можам да разберам кога имаме сличен наратив да оправдуваш агресија. Луѓето можеби немаат симпатии кон Русија колку што имаат симпатии кон авторитарни лидери, изјави Тодоров во Топ Тема.

За историчарот д-р Митко Панов, ставот на Путин околу потеклото на Украина и украинскиот народ, не е ништо ново и уште минатата година бил најавен.

Минатата година во статија од 16 страни кажа дека Русите и Украинците се еден ист народ и дека станува збор за отцепување на Украинците од руската земја. Тоа е паралелата со бугарската политика која е конзистентна од 19 век. На 3 март се слави Санстефанскиот договор кој е руски продукт за создавање на голема бугарска држава, вклучувајќи ја целата територија на Македонија. Историјата се злоупотребува во политички цели и се користи како алатка за геополитичките амбиции, рече Панов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе