Воените специјалци остануваат во касараните и никој засега нема да војува во Украина. Таква одлука нема изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска по одбележувањето на Денот на баталјонот за специјални сили на Армијата во скопската касарана „Илинден”.
Но, засега воена тајна е и опремата која се пакува и ќе отпатува во Украина донација од Македонија , откако украинските власти се обратиле за помош до НАТО алијансата.
„Нивното барање кон нас беше класифицирано и од тие причини и нашата одлука е се уште класифицирана. Но, сметавме дека како чин на транспарентност, јавноста заслужува да биде информирана дека таква одлука сме донеле и заради тоа ја дадовме таа куса информација дека донесовме одлука за воена помош на Украина“, изјави Петровска.
Се пребројуваат капацитетите за сместување. Ќе се опремуваат и чистат а доколку има потреба и барање од украинска страна, Македонија ќе прима и бегалци од војната во Украина, информира Петровска за новиот чекор на владата.
Освен сместување и прием на граѓани ќе се помага и директно во Украина. Долг е списокот за помош, велат од МНР.
Македонија не делува на „своја рака“ туку како НАТО сојузник и одлуката за не емитување на руски телевизи е дел до масивниот пакет санкции ,а не специјална информативна војна, уверуваат двајцата министри.
Павле Беловски
