Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Расте бегалскиот бран, околу 470.000 странски државјани заглавени во Украина

/

Вести

Сподели преку :

Со воз, некои и пеш, измрзнати на ниски температури илјадници Украинци бараат засолниште во некоја од европските земји. Најфрекфентно е во Полска, регистрирани се над 300.000 бегалци.Колоната на границата е долга 15 километри, се чека и по 15 часа. Во Варшава пристигна автобус со жени, деца и стари лица. Ги чекаа волонтерите да ги договорат нивните привремени сместувања.

Прво сакаме да ги извадиме нашите деца, велат бегалците од Украина.

Три генерации жени го напуштија украинскиот регион Транскарпатија населен со Унгарци барајќи засолниште во Унгарија. Пироска Бакса има 80 години, своето родно огниште го напушти заедно со 14 годишната внука. Се уште се сеќава на Втората светска војна во нејзиниот крај кога имало опција или да се приклучат на фронтот или да бидат бегалци.

Не можам да спијам.Не можам да заспијам на друго место.Не можете да засадите старо дрво на ново место, тоа ќе се исуши, рече Пироска Бакса.

Автобус со десетици украински бегалци  пристигна и во Атина. Жените и децата беа тестирани за Ковид. На бегалците им беа дадени подароци.

Во последните неколку дена, два дена пред да заминам, можевме почесто да ги слушаме сирените за опасност во воздухот (бомбардирања) и луѓето треба да трчаат. Jас живеам во зграда во која немаше подрум и моравме да одиме во блиските трговски центри или паркинзи, за да се сокријат луѓето, вели Дијана од Украина.

Во Украина и натаму најмногу се собираат на железничката станица во најзападниот град Лавов во близина на украинско-полската граница. Бегалците се надеваат дека ќе ја преминат границата и ќе побегнат од бомбардирањето.Земјата ја напуштаат и странските студенти.

Се плашам за својот живот. Точно. Затоа што мајка ми ме чека. Таа ги вложи нашите пари за моето образование.Значи, не смеам да бидам блокран во оваа земја, вели студенот Лојс Каја.

Амбасадите ширум светот се обидуваат да им помогнат на своите граѓани да ја преминат границата. Има обвинувања за дискриминација на лицата кои се од друга раса како што се Нигеријци, Либанци и Јеменци кои со часови остануваат заглавени на премините. Студентите обвинуваат дека со часови седеле на студ и не им било дозволено да се качат на автобус. Имало и вербални конфликти со украинците за нееднаквиот третман. Меѓународната организација за миграција соопшти дека околу 470.000 странски државјани, вклучувајќи студенти и работници мигранти, „се заглавени“ во Украина.Се апелира до соседните земји да обезбедат заштита, засолниште и пристап до територијата.

Јулијана Пешевска