Вести Култура

Урошевиќ: Радован Павловски ја живееше својата поезија и се обидуваше да се раководи со правилата на поезијата и во својот живот

Македонската академија на науките и уметностите и Друштвото на писатели на Македонија денеска ја одржаа заедничката  комеморативна седница по повод смртта на  академик Радован Павловски. Претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, рече дека Павловски е дел од генерацијата македонски писатели кои со своето дејствување извршила пресудно влијание врз процесот на дедогматизација и модернизација на македонската литература и придонела за ширење на хоризонтите на творечките слободи.

– За Радован Павловски поезијата и животот беа судбински измешани со една драматична и може да се каже трагична спротивставеност. Тој ја живееше својата поезија и се обидуваше да се раководи со правилата на поезијата и во својот живот. Од тоа невозможно единство произлегуваа неговите недоразбирања со реалноста, неговите судири, неговата огорченост. Но тој не сакаше да се прилагодува, да се согласи со општоприфатените правила, да се откаже од својот сон. Не правеше компромиси, одеше до крај до отворено несогласување со средината, до затворање во својата горделива осаменост, рече акад. Влада Урошевиќ.

– Неговиот хабитус и целосен творечки опит се обележани со стремеж кон возвишеното, немир и незадоволство од постојното, со залет кон неслутените простори на имагинацијата, со порив кон апсолутната слобода, со мајсторски зафат во јазикот, изјави проф. д-р Соња Стојменска – Елзесер, претседателка на ДПМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе