Џанлуиџи Буфон денеска го продолжи договорот со Парма до јуни 2024 година. Ова значи дека италијанскиот ветеран ќе има 46 години, кога ќе му истече договорот.
Очигледно голманот нема намера да се повлече од активното играње и ќе направи кариера од речиси 30 години. Дебитираше на голот на Парма во 1995 година, како тинејџер, а потоа во 2001 година го облече дресот на Јувентус. Бранеше за овој клуб до минатото лето со исклучок на една сезона мината во ПСЖ.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
