Сончево и со намалени борбени дејствија, состојбата во Киев директно ни ја пренесе Антонио Стојанов во разговорот за Утринска на Телма. Антонио е таму со своето семејство, а го снимавме додека набавуваше храна и лекови.
За време на нападите се кријат во подрумот на зградата, а има се помалку станари затоа што бегаат надвор од главниот град. Но на улиците во Киев е напнато, покажа и телефонскиот повик до Стојанов.
Стојанов не е е единствен во обид да се евакуира. Тој кога почна инвазијата беше во Македонија, а се вратил за да помогне во евакуацијата на својата сопруга украинка и на нивното малолетно дете. Последните податоци на Телма остварени преку контакти со нашинци во Украина ни покажуваат дека заглавени македонци има покрај во Киев и во Харков и во областа на Доњецк. Последниот контакт со Стојанов ни беше околу 15 часот по македонско време и ни кажа дека се подготвува за евакуација. Тој имал само еден повик од МНР.
Од МНР ни рекоа дека се преземаат мерки за извлекување на македонските државјани, а последни препораки се или да се обратат до бугарскиот генерален конзулат во Одеса или во 5 унгарски и романски конзулати во западна Украина за да може да се приклучат на нивните хумнаитарни конвои за евакуација. Сашо Андонов кој исто така е во Киев со сопругата и две деца. утрово бил пред бугарската амбасада во Киев, за да се обиде со нивни автобуси да се евакуира. Но по 4 часа чекање се вратил дома за да однесе храна пред полицискиот часво Киев. Автобусот за бугарска евакуација не стигнал бидејќи бил заглавен некаде низ Украина. И Андонов ни потврди дека од саботата до денес не го контактирало македонското МНР.
Миомир Серафиновиќ
