Фудбалскиот клуб Шалке за кој настапува македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов и официјално го раскина договорот со генералниот спонзор Газпром.
Актуелниот второлигаш уште минатата недела одлучи да го тргне името на руската државна компанија од своите дресови поради војната со Украина.
Клубот информираше дека е во процес на разделба со Газпром и дека тоа нема да има влијание на финансиите на Шалке. Газпром беше генерален спонзор на тимот од Гелзенкирхен од 2007 година.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
