Утринава на жителите на Киев им беше дозволено да излезат од засолништа и да набават намирниците, иако нема ограничувања во пордавниците веќе нема млеко.
Напад на руски ракети врз центарот на градот од кој најмоногу се стравуваше не се оствари, главниот град останува во рацете на Украина. Полицискиот час повторно ќе стапи во 22 часот и ќе трае утре до 7 часот наутро.
Антонио Стојанов е Македонец кој долги години живее и работи во Киев. Сега со семејството, 11-годишната ќерка и сопругата и уште неколку роднини, како и друго семејство од Битола ќе се обиде да се евакуира од Украина. Од МНР му рекле дека ќе го побараат и да се обиде да стигне до Одеса.
