Кошарка Спорт

Јончевски: Можеше да биде поинаку, пресуди неискуството

Во отсуство на селекторот Драган Бајиќ кој поради позитивен резултат на тестирањето не беше во можност да ја води репрезентацијата на чело на националниот тим беше неговиот прв помошник Александар Јончевски.

“Честитки до Грузија за заслужената победа. И ние имавме наши моменти и можеше натпреварот да отиде во круг правец. Честитки за моите момци за борбата и енергијата на двата натпревара и благодарност до нив кои и во овие тешка ситуација покажаа почит кон националниот тим. Можам да кажам дека разликата помеѓу првиот и вториот натпревар е тоа што го затворивме рекетот, не го исконтролиравме скокот, но одговориме добро во одбраната. На крајот имаа повеќе играчи кои можеа да одговорат во таква ситуација“, изјави Јончевски.

За разлика од претходните дуели овој пат нашата селекција беше рамноправен противник и доколку не правевме премногу грешки, посебно финишот натпреварот можеше да има и поинаков епилог.

“Имавме добри моменти и отворени обиди и можеше да отиде натпреварот во друг правец. Имавме отворени шутеви кои ги промашивме. Ова сепак не е најдобриот тим кој го имаме, но не можам да кажам дека момците не го дадоа максимумот. Тие не се искусни играчи, некои од нив за прв пат се во тимот. Имаа моменти, но за жал не погодија. Постигнавме само шест поени од клупа. Не можам да кажам дека сум лут за тоа или дека тоа е лошо, енергијата беше добра, но можеше да биде и подобра”, заврши Јончевски.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе