Поради снежните врнежи во Битола денешниот натпревар од 21. коло во домашниот фудбалски шампионат меѓу Пелистер и Ренова е одложен.
Бидејќи теренот на стадионот Петар Милошевски е покриен со снег кој нема да се исчисти до утре, натпреварот ќе се одигра во Охрид со почеток од 14 часот.
Денеска се играат останатите мечеви од оваа рунда во првенството, а најголем интерес предизвикува дербито во Тетово каде Шкендија ја пречекува Академија Пандев.
На стадионот во Железарница, Скопје е домаќин на Работнички, Шкупи за противник го има Тиквеш, а денеска се играат уште натпреварот Борец – Струга.
ФОТО: Игор Паневски