Вести Македонија

Нови 473 случаи на Ковид-19, починати 13 лица, шест во изминатото деноноќие

Нови 473 случаи на Ковид -19 од направени 3.146 тестирања се регистрирани во изминатите 24 часа. Од вкупниот број нови случаи, 74 се реинфекции. Починати се вкупно 13 лица од кои шест во изминатото деноноќие. Кај 11 од починатите се регистрирани коморбидитети.

Според податоците објавени од Министерството за здравство, најголем број нови случаи има во Скопје – 255 по што следуваат Битола со 31 нов случај, Куманово со 25, Прилеп 23, Кавадарци и Велес по 17, Тетово – 14, Кичево – 13, Охрид и Штип по 12, Струмица и Гевгелија по 10, Гостивар и Струга по 5, Радовиш, Демир Хисар и Демир Капија по 3, Ресен, Крива Паланка, Делчево, Валандово, Пробиштип, Богданци и Крушево по 2 и еден нов случај има во Дебар.

Од починатите во изминатите 24 часа, по едно лице има од Прилеп, (89), Кочани (85), Штип (80), Охрид (71), Велес (85) и Кичево (71), додека според регистарот на починати лица со дијагноза Ковид -19 дополнително се пријавени седум починати лица на возраст од 58 до 84 години. По двајца починати има од Скопје и од Битола и по едно починато лице од Крива Паланка, Штип и Гевгелија.

Министерството за здравство регистрира и  775 оздравени пациенти.

Од почетокот на пандемијата, во земјава направени се 1.886.706 тестирања. Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани изнесува 296.703. Оздравени се 283.411, а починати 8.994. Бројот на активни случаи изнесува 4.298.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Димитриевски: Советниците и пратениците кои станаа независни треба да го вратат мандатот

Дејан Дејан

(видео)Оштетена железничката инфраструктура – од електровлечната подстаница Драчево украдена опрема вредна пет милион евра

Дејан Дејан

(видео)Органодарителството спасува живот – мора да биде доброволно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе