По инвазијата на Украина, УЕФА донесе одлука да ја одземе организацијата на Санкт Петербург на финалето во Лигата на шампионите.
Извршниот комитет на УЕФА реши решавачкиот дуел за трофејот во елитното натпреварување да се одигра во Париз на стадионот Стад Франс и ќе биде на програмата на 28 мај.
На состанокот беше договорено се додека трае конфликтот клубовите и репрезентациите на Русија и Украина мечевите да ги играат на неутрален терен што значи дека Русите нема да бидат домаќини на дуелите до баражот за пласман на Светското првенство според календарот ќе се играат кон крајот на следниот месец.