Спорт Фудбал

Роман Абрамович може да остане без Челси

Политичарите во Велика Британија сакаат акција против Роман Абрамович, сопственикот на фудбалскиот клуб Челси поради нападот на Русија врз Украина. Тие бараат да му се одземе клубот поради неговите врски со руската власт, посебно со претседателот Владимир Путин.

Крис Брајант од лабуристичката партија, смета дека Абрамович повеќе не смее да поседува фудбалски клуб во Англија. Тој исто така верува  дека на рускиот милијардер треба да му бидат замрзнати сите средства и имоти во земјата.

Абрамович го поседува Челси од 2003 година и од просечен англиски клуб го направи шампион на Англија дури пет пати, клубот два пати ја освои Лигата на шампиони, исто така два пати и Лигата на Европа, а пред неколку недели стигна и до пехарот на Светското клупско првенство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе