Германскиот второлигаш Шалке денеска преку соопштение за јавноста објави дека веќе на следниот натпревар од дресовите ќе биде избришано името на главниот спонзор руски „Газпром“.
Тимот од Гелзенкирхен вели дека ова е реакција поради последните случувања во Европа, односно руската инвазија на Украина.
Наместо „Газпром“ на дресовите ќе стои само Шалке 04. Рускиот гигант, кој е во сопственост на руската држава е генерален спонзор на германскиот клуб уште од 2007 година.
Во составот на Шалке игра македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.
