Европската куќа на фудбалот (УЕФА) за утре закажа вонреден вонреден состанок за да разговара за ситуацијата во Украина и инвазијата на Русија. „Би-Би-Си“ од свои извори дознава дека речиси сигурно Санкт Петербург ќе остане без организација на финалето на Лигата на шампиони оваа година., што е закажано за 28 мај.
На состанокот исто така ќе се разговара и за бараж натпреварите за пласман на Светското првенство во Катар, бидејќи и Украина и Русија се борат за мундијалска виза. Русија на 24 март ја пречекува Полска во Москва, додека Шкотска е домаќин на Украина истиот ден.