Вести Македонија

За врховните судии, одлуката за Панчевски е технички беспрекорна

Технички беспрекорна. Вака судија во Врховниот суд ја оцени одлуката, да се укине правосилната пресуда на скопска Апелација за екс судијата Владимир Панчевски и да го врати предметот на повторно одлучување пред второстепениот суд. Отфрла каква било политизација при нејзиното носење, што предизвика Панчевски да излезе на слобода само две недели откако влезе во затвор, каде требаше да издржува две ипол годишна казна.

Саити, кој е и претседател на Здружението на судии, вели дека, лично не бил сведок на политички или бизнис влијанија врз судии, но и не може да исклучи дека тоа се случува во судството. За сите етички дилеми, на судиите им се дава можност и да постават прашање пред Советодавното тело за судска етика, што  од пред неколку дена е во нов состав. Но, досега ги интересирале само две нешта: дали можат да користат социјални мрежи и дали смеат да членуваат во ротари клуб?За двете дилеми добиле позитивен одговор, но се очекува да се воспостават правила.Од ова тело им сугерираат на судиите и да бидат поприсутни во јавноста.

Од УСАИД, чиј проект е советодавното тело, сметаат дека судиите треба многу почесто да го користат овој канал за дилемите кои им се појавуваат, особено поради законските слабости и просторот за толкувања што го оставаат и човечките судбини на тие што стојат пред нив. Бројот на неетички постапки, велат, најмногу може да се намали преку стручна поддршка и совет.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе