Вести Македонија Топ вести

Кацарска: Дали можеби некому одговара Уставниот суд да е во ваква ситуација?

Со истекот на мандатот на почетокот на декември годинава на судијата Вангелина Маркудова ќе настане блокада на Уставниот суд и со тоа дефинитивно угледот на Република Северна Македонија би бил максимално нарушен и пред меѓународната јавност, изјави претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска пред почетокот на дебатата на тема „Улогата на Уставниот суд во заштитата на правото на здрава животна средина“.

Кацарска вели дека во тој случај нема да можат да држат седници и уште еднаш потенцираше дека односот на пратениците е несериозен.

– Повеќе пати сум кажала дека ваквиот однос на пратениците е несериозен. Како впрочем да не ја сфаќаат улогата на Уставниот суд. Така да во последно време си го поставувам и самата прашањето дали можеби некому одговара Уставниот суд да е во ваква ситуација, вели Кацарска.

Согласно Деловникот, појаснува таа, имаат надлежност да работат и со пет судии. Вели доволно е да се присутни само пет судии за да се држи седница. Меѓутоа, потенцира, тежината на одлуките кои ги носат дури и оние кои се носат едногласно со пет гласови „за“, е сепак поинаква во споредба доколку за таа одлука би дискутирале сите девет судии.

– Не залудно Уставот предвидува девет судии да го сочинуваат Уставниот суд. Има многу битни предмети за граѓаните на оваа држава и несериозно би било за тие предмети да одлучуваме само пет судии. Ние можеме да одлучуваме за сите предмети, за среќа немаме предмет за кој ни е потребно двотретинско мнозинство, но, зарем само пет судии треба да дискутираме за указите за Преспанскито договор, за Законот за употреба на јазиците каде што е оспорена уставноста не само на указите, туку и на законите во целост. Несериозно би било ние пет судии да донесеме одлука која е толку битна за граѓаните и за иднината на оваа држава, нагласи Кацарска.

Претседателката на Уставниот суд вели дека единствена надлежност што ја имаат е да се обратат писмено до претседателот на Собранието пред истекот на мандатот на некои од судиите. Потсети дека уште во април минатата година претседателот на Собранието Талат Џафери е информиран дека на тројца судии престанува мандатот. Потоа и во ноември, Кацарска испратила писмо до Џафери со кое го информирала дека на еден судија му престанува мандатот на 14 јануари, но испратила и писмо со апел да се изнајде начин да се изберат овие четири судии.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе