Вести Македонија Најважни

Османи: 12 македонски државјани ја напуштиле Украина, но останале 30 набљудувачи во мисијата на ОБСЕ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес конференција посочи дека дипломатите во Амбасадата во Украина остануваат во земјата, додека пак нивните семејства се вратиле во земјава.

На дипломатите во амбасадата им се исплатени 3 плати однапред, а за објектот во кој се наоѓа амбасадата е платена кирија за истиот период. Со тоа според Османи е овозможено, амбасадата да функционира во било какво сценарио на украинската криза.

Османи посочи дека 12 луѓе досега ја информирале Амбасадата дека се вратиле во Македонија, додека пак во Украина остануваат 30 набљудувачи за мониторинг мисијата на ОБСЕ, за кои денеска треба да се одлучи за нивно повлекување.

-Останува прашањето за 30 наши набљудувачи за мониторинг мисијата на ОБСЕ. Некои држави ги имаат повлечено, како САД, Велика Британија, Данска ги има дислоцирани. Нашата позиција е поспецифична бидејќи ние сме дел од тројката, дел од претседавањето во ОБСЕ и внимаваме какви пораки ќе дадеме во мониторинг мисијата на ОБСЕ. Во контакт сме со набљудувачката мисија“, посочи Османи.

Украинското министерство за одбрана повторно ги отфрли американските информации за неминовен руски напад

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе