Временска прогноза

Промена на времето – Временска прогноза за 22.2.2022

Утре нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност, која ни носи промена на времето. Ќе биде облачно и значително постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови, каде се очекува локално да наврнат околу 15 л/м² воден талог. Ќе дува засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина над 60 км/ч, а дневната температурата ќе се намали за 6 до 8 степени во споредба со денешната.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-1 Берово, 0 Струмица, Демир Капија, 1 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 2 Штип, Гевгелија, 3 Тетово, 4 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Прилеп, Kрушево, Дојран, 5 Крива Паланка, Виница, 6 Битола, Претор, 7 Дебар, 8 Охрид.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

18 Попова Шапка.

 

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево време со мала до умерена облачност, во попладневните часови нестабилно – Временска прогноза за 11.6.2026

meteo

Сончево со мала до умерена облачност, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 10.6.2026

Дејан Дејан

Сончево и топло, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 9.6.2026

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе