Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кога Нефи Усеини ќе ја депонира најавената оставка ќе му престане комисискиот мандат да ја брани животната средина од загадувачите и уништувачите во Охрид. Локалните власти очекуваат наскоро

/

Македонија

Сподели преку :

Иако Нефи Усеини, контроверзниот советник на ДУИ во општина Охрид (повеќе физички инциденти и иницденти со дивоградби), најави дека ќе поднесе оставка од позицијата во локалниот Совет, тој се уште официјално не ја доставил до локалните власти.

Поради тоа и неговото име се нашло во барабанот за членови на Комисии избрани од општинскиот совет, па Усеини добил места во две различни тела во охридската локална власт. Усеини е член на комисијата за заштита на животната средина и на статутарно-правната комисија.

Претставници на охридската самоуправа за Телма оценија дека најавената оставка на Усеини ќе се реализира многу бргу, по што на негово место во Советот ќе дојде наредниот кандидат на ДУИ кој што ќе ги преземе и членствата во комисиите.

Повеќе за улогата на Нефи Усеини во „заштитата“ на животната средина во наредниот текст.

Нефи Усеини и официјално ќе се грижи за заштита на животната средина во Охрид

Нефи Усеини, поранешниот советник од ДУИ во Советот на Општина Охрид, е нов член на општинската Комисија за заштита на животната средина, според веб страницата на општината. Именувањето на Усеини во комисијата предизвика реакции во јавноста, затоа што неговите бизниси беа меѓу главните забелешки на УНЕСКО за одземање на заштитениот статус на Охрид. Покрај тоа… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2