Првиот четвртфинален натпревар во кошаркарскиот Куп на Македонија покажа дека ова натпреварување е многу поразлично од првенството. ТФТ Скопје го елиминираше можеби најголемиот фаворит за титулата Пелистер, кој во Првата лига е со максимален ефект по 15 натпревари.
Тимот од скопската населба Тафталиџе славеше со 105-93. Момците на тренерот Боро Смилковски го контролираа резултатот во текот на целиот натпревар. Александар Костоски беше најефикасен во таборот на победничкот тим со 22 поени, а подели и 9 асистенции. Никола Малешевиќ со 29 поени најмногу се истакна кај битолчани.
Во полуфиналето ТФТ го чека победникот од дуелот помеѓу Еуро Никел и ФМП Академија.
ФОТО: КФСМ