Комисијата за образование почна со работа, но не успеа да го разреши прашањето: дали во мај 2021-та бил усвоен дневниот ред или не. Почнаа со бурни реакции, окупирање на говорницата и надвикувања. Мнозинството тврди дека расправата за законот за наставниците треба еднаш да почне, а опозицијата преку процедурални дискусии бара повлекување на законот. Законот треба да овозможи наставниците со договор на неопределено време да добијат решенија на неопределено време.
Паузата ја смири напнатоста во Комисијата за образование. Власта остана уверена дека дневниот ред е усвоен, дека опозицијата непотребно одолговлекува, а законот треба да помине на натамошно читање.
Опозицијата побара повлекување на законот бидејќи ги става во поповолна позиција оние наставници кои ќе добијат решенија на неопределено време.
Оваа седница на комисијата е почната во мај минатата година и секое продолжение почнуваше и завршуваше со процедурални забелешки. Разликите произлегоа од јавната расправа во февруари минатата година, по која, ВМРО ДПМНЕ побара заклучоците да поминат во комисијата, а СДСМ смета дека е доволно дискусиите од експертите да се испратат кај ресорниот министер.
Соња Николовска