Се сретнаа во Тетово, разговараа околу два часа за предвремени парламентарни избори , но детали не открија. Мицкоски и Касами ги договараат контурите за пролетната офанзива и убедени се дека нивниот план ќе успее.
Претседателот на БЕСА Билал Касами ги повика сите невладини организации и професионалци да дадат свој приодонес за уривање на актуелната власт.Во наредниот период ќе се координираат активностите.
Предвремени избори бара и Алијанса на Албанците. Сметаат дека тоа е единствениот излез од ситуацијата во која се наоѓа државата.Нефункционални институции, енергетска криза, Ковид пандемија,инфлација, немање консензус за Изборниот Законик и за укинување на пржинската влада, несправувањето со борбата против криминалот и корупцијата се само дел од причините поради кои опозицијта бара избори.
Дополнителен аргумент е и несоработката со Премиерот Ковачевски кој иако вети се уште ги нема покането на средба лидерите на опозициските партии.Владејачките партии, СДСМ и ДУИ се подготвени за разговори но сметаат дека во овој момент нема основа за распишување предвремени парламентарни избори а Владата ќе го истера мандатот до 2024 година.
Јулијана Пешевска