Вести Македонија

КСЗД поведе постапка за заштита од дискриминација на верската група „Лев Тахор“

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) поведе постапка за заштита од дискриминација на верската групата „Лев Тахор“. Предметот, како што соопштија од Комисијата, се води по основ на потекло, религиско и верско уверување во областа на пристапот до добра и услуги.

Од Комисијата посочуваат дека постапката е поведена во согласност со членот 21 став 1 од Законот за спречување и заштита од дискриминација (ЗСЗД), а со оглед на тоа што се работи за повеќекратни основи, овој случај се води според член 13 од ЗСЗД, како потежок облик на дискриминација.

КСЗД соопшти дека веќе направи увид и оствари средба со претставник на групата „Лев Тахор“ и утврди неколку прекршувања на Законот за спречување и заштита од дискриминација од страна на службени и правни лица од нашата држава.

-КСЗД ќе испрати барање за изјаснување до потенцијалните дискриминатори и со тоа, товарот за докажување ќе го префрли кон овие лица. Во случај потенцијалните дискриминатори да не го докажат спротивното, КСЗД ќе утврди дискриминација и доколку не биде постапено по препораките ќе поведе прекршочна постапка пред надлежен суд, посочуваат во соопштение.

КСЗД, како што се наведува во соопштението, ги следеше и известувањата на медиумите, како и излагањата на невладините организации по повод настаните во Куманово, а по извршениот увид, констатираше дека првенствено немало физички напад од граѓаните кон групата, туку лажна информација била проширена од страна на медиумите.

Комисијата смета дека одредени медиуми пред да пласираат вест да направат сопствено истражување, со што ќе спречат ширење лажни вести за природата на групата и за случувањата во Куманово. Од Комисијата потенцираат дека со непроверените информации нанесуваат дополнителна штета на групата, погрешно ја информираат јавноста и ги зацврстуваат дискриминаторските практики во нашето општество.

-Медиумите кои се интересираат за темата да се насочат кон истражување на делата на потенцијалните дискриминатори и со тоа да го преместат фокусот кон оние кои дискриминираат. Претставниците на невладините организации кои го следат случајот, да бидат свесни за сензитивноста на ситуацијата и да не реагираат врз основа на пласираните лажни информации. Со таквото однесување само ги зацврстуваат стереотипите и предрасудите помеѓу граѓаните, појаснуваат во соопштение.

КСЗД соопшти дека ќе продолжи да го следи случајот и ќе ја информира јавноста за исходот од постапката.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар во отпад за старо железо – чадот го покри Скопје

Дејан Дејан

Орбан ја повика Урсула фон дер Лајен да поднесе оставка

Дејан Дејан

Повторно гори кај Блаце, сообраќајот во прекин, затворен и граничниот премин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе