Само итните случаи меѓу кои човек нападнат од куче и помлад пациент со висока температура денес беа примени во ординацијата на доктор Љупчо Стефановски.
Други не ни дошле. Пациентите се информирани дека докторите протестираат денес. Оние со хронична терапија веќе си ја обезбедиле навреме.
Матичните лекари имаат неколку свои барања, а меѓу главните се да се подигне цената на капитацискиот бод по пациент.
Им беше ветено, но не и остварено дека истата ќе чини 95 денари.
Приватните здравствени установи бараат и помош од државата, по покачувањето на минималната плата, како и измени во Законот за здравствена заштита за пациентите да припаѓаат на матичната ординација, а не да бидат „врзани“ за факсимилот на лекарот.
Персоналот денес е во ординациите, но не се издаваат рецепти, ниту се закажуваат термини преку „Мој Термин“.
Освен приватните матични лекари, протестираат и приватните специјалисти и стоматолози кои имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување.
Петар Догов