Првата верзија од новиот Кривичен законик верувам дека ќе биде готова пред одморите, по што ќе се отвори широка расправа и до крајот на годината ќе биде донесен, најави вечерва министерот за правда Никола Тупанчевски во емисијата „Вин-вин“ на телевизија Телма.
Тупанчевски посочи дека досега има околу 37 измени на актуелниот Кривичен законик, од кои дел се правени инстантно и на дневна основа и дека целта е сега таквиот тип на работа да биде избегнат, со тоа што на новите текстови веќе подолго време работат работните групи од Министерството со помош на странски експерти.