Вести Македонија Најважни

Евроамбасадорот Гир им порача на пратениците да го ревидираат Изборниот законик и да не го злоупотребуваат европското знаменце

Евроамбасадорот Дејвид Гир им порача на пратениците да не го злоупотребуваат институтот „скратена постапка“ и предзнакот со европско знаменце во предлагањето на законите. Собранието мора да биде функционално, блокадите да се надминат а власта и опозицијата треба повеќе да соработуваат.

Вие мора да придонесете да се засили демократијата и владеењето на правото во државата.Потребно е веднаш да го ревидирате Изборниот Законик, да не се злоупотребува европското знаменце и да има помала употреба на закони по скратена постапка. Парламентот мора да ја засили својата улога и да има конструктивен дијалог меѓу партиите.Соработка мора да има. Треба да се создадат услови за фер и транспарентна постапка при приемот во Академијата на судии и јавни обвинители а мора да се забрза и развојот на зелената агенда без која земјата не може да напредува, изјави Гир.

Власта и опозиција не признаваат грешки во работењето а за опструкциите и блокадите во законодавниот дом се обвинуваат меѓусебно .

Говорејќи за извештајот на Европската Комисија за Македонија. Вицепремиерт Маричиќ рече дека нашата земја има најголема подготвеност по кластери од земјите во регионот, а формалниот почеток на пристапните преговори ќе даде поттик за спроведување на реформите со забрзана динамика.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе