Ракомет Спорт

Некој нов Вардар: Сензационална победа во Монпелје

Вардар конечно ја прекина ужасната низа од седум порази по ред во Лигата на шампиони и тоа со фантастична победа на гостувањето кај лидерот во групата Монпелје со 25-28. Новиот тренер Давид Дејвис очигледно внесе свежина во играта на „црвено-црните“, кои настапија без Борко Ристовски, Марко Мишевски и Анте Гаџа.

Интересно е тоа што црната серија на македонскиот шампион во елитата почна со Монпелје, а вечерва и заврши со овој тим. Вардар имаше контрола на натпреварот речиси сите 60 минути. По 7-7, нашиот состав направи серија од 0-4 и стигна до првата опиплива предност. На полувремето беше 10-13 за Вардар.

Во вториот дел, избраниците на Дејвис имаа уште една серија од 0-4 по која стигнаа и до најубедливата предност од осум голови или 14-22. Монпелје притисна силно, особено во последните неколку минути, но Вардар не дозволи пресврт и ја запиша третата победа оваа сезона во Лигата на шампиони со 25-28.

Голманот Мартин Томовски блескаше на голот со 13 одбрани. Оливие Њокас постигна пет гола, додека Стојанче Стоилов реализираше четири. Иго Деска со седум голови беше најдобар кај францускиот состав.

За седум дена Вардар во Скопје го пречекува Загреб во рамки на 12.коло.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Трипл-дабл на Дончиќ: Далас е во финалето на Западната конференција (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Усик е неприкосноен светски шампион во бокс по победата против Фјури (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе