Стотина хуманитарци вчера пееа под прозорите на Клиниката за детски болести во Скопје по повод 15 Февруари, Светскиот ден на децата кои се борат со канцер. Настанот се оддржа во огранизација на невладината организација САНО, која им помага на децата заболени од педијатриски канцер и на нивните родители.
На настанот присуствуваа и заменик министерот за здравство доц.-др Владимир Рендевски како и директорката на Универзитетската клиника за детски болести проф.др Аспазија Софијанова.
По настанот заменик министерот во присуство на волонтерите и претседателот на здружението Марија Тасев ја посетија родителската куќа каде што во краток разговор ги мапираа постоечките проблеми но и идните планови кои се од интерес на најмладите пациенти со малигни заболувања и нивните семејства.
Заменик министерот Рендевски во име на министерот за здравство др. Беким Сали и во име Министерството за здравство истакна дека во иднина ќе дадат целосна подршка на активностите на оваа хуманитарна организација со што би се подигнало нивото на здравствената заштита и на згрижувањето на овие најмлади пациенти.